Прв Мастерс трофеј за Димитров

0
464

Бугарскиот тенисер Григор Димитров го освои својот прв трофеј од Мастерс турнирите, откако синоќа во финалето во Синсинати, САД, го совлада Ник Кирјиос (Австралија) со 2-0.

Во првиот сет резултатот беше 6:3, а во вториот 7:5.

За Димитров ова е трета титула во 2017, претходно победи во Бризбејн и во Софија, но трофејот од Синсинати е нагов најголем успех во досегашната кариера.

Воедно, бугарскиот тенисер ја повтори 2014 година по бројот на освоените титули. Тогаш победи во Квинс, Букурешт и Акапулко.

Поразениот Кирјос ќе бара друга шанса да освои трофеј на турнир од Мастерс серијата.

За Бугаринот ова беше втора победа во меѓусебниот дуели со Кирјос од кого се уште нема пораз.

ТАГОВИ:

Коментирај