Прв концерт на Roma Rock School

0
427

По тримесечни проби, бендот на Roma Rock School е спремен да ја покаже својата уникатност каква со сигурност сте немале можност да чуете до сега.

Првиот концерт на учениците од Roma Rock School ќе де оддржи во сабота на 16-ти декември од 18:00-20:00 во клуб Маракана.

„На настанот ќе ги претставиме учениците кои вежбаа изминативе 3 месеци и ќе ја споделиме нашата визија за долгорочната имплементациија на Roma Rock School проектот која се фокусира на неформалното музичко образование на ранливите групи во регионот на Скопје преку рок музиката“ – вели Алвин Сaлимовски за Јавно.мк.

Во склоп на Roma Rock School проектот, децата Роми и младинци од останатите ранливи групи, ќе имаат можност да бидат вклучени во една вон-наставна активност, која вклучува музицирање на инструментите кои им се омилени и за кои поседуваат талент и практично да се стекнат со музички знаења и вештини преку свирење во бенд. Учесниците во проектот ќе се мотивираат да го сплотат и традиционалниот ромски мелос и мелосот на останатите етнички групи во Македонија, со рок, џез, блуз и останати музички правци во период од 12 месеци.

Ве охрабруваме да го споделите настанот со вашите познаници и пријатели. Сите се добредојдени да присуствуваат на концертот кој ќе ја прикаже напорната работа на учесниците на Roma Rock School!

Не пропуштајте да слушнете познати рок кавери испреплетени со ромски мелос.
Влезот е бесплатен.

*Видео од втората проба на Roma Rock School. Како звучат по 3 месеци вежбање, можеме само да претпоставиме.

Линк до Фејсбук објавата за настанот:
https://www.facebook.com/events/1830381907253703/

Коментирај