Проверете лесно дали храната што ја јадете е квалитетна

0
509

Сите знаеме дека е важно да консумираме квалитетна храна, преку која ќе ги внесеме потребните материи на организмот, за да бидеме здрави. За жал по продавниците се продаваат многу производи со сомнителна содржина, кои дефинитивно не носат никаква корист на нашето тело. Денес ќе ви покажеме неколку лесни начини како да дознаете дали храната е со добар квалитет.

Пилешко месо
Обрнете внимание на белите ленти и дебелиот слој од маст врз пилешките гради. Тоа значи дека производителите инјектирале хормони за раст во пилињата за многу брзо да добијат на тежина. Таквото месо не е добро за вашето здравје. Бојата исто така е многу важен показател – ако е жолтеникава, месото не е свежо. Треба да биде розова и месото да не е премногу меко.

Урда
Капнете јод врз урдата, за да проверите дали содржи скроб. Ако е така, дамката ќе стане темно сина, а ако не – ќе остане жолта или кафеава. Друга опција е да ја оставите урдата подолго време на собна температура. Ако има растителни масти внатре, ќе пожолтее. По овој тест квалитативната урда можеби ќе има покисел вкус, но нема да ја смени бојата.

Замрзнато овошје / зеленчук
Проверете дали во пакетот со замрзната храна, постојат парчиња мраз. Ако е така, тогаш не се чуваат правилно.

Мед
Истурете малку мед во сад. Неквалитетниот веднаш ќе се истури додека убавиот е релативно густо и ќе тече по бавно.  Ако почувствувате претерана сладост, најверојатно содржи бел шеќер.

Риба
Свежата риба треба да има бистри очи, а жабрите треба да бидат светло црвени. Кожата е важно да биде со природен метален сјај.

Месо
Кога избирате месо, притиснете го со прстот. Свежото месо треба да биде доволно флексибилно за да не остане вашиот белег врз него. Друг метод е да исечете парче на половина – ако месото е темно, но има бели линии, значи дека неговиот рок на траење е продолжен со хемикалии.

Свежи билки
Магдонос, на пример. Ако лисјата се паднати надолу, тоа значи дека не е свеж. Покрај тоа, ако бојата е премногу темна, а стеблото е премногу долго, е знак дека содржи нитрати.

Кашкавал
Оставете го на собна температура подолго време. Квалитетниот производ само ќе омекне, но ако се исуши или се појави влага на него, подобро не го јадете.

Коментирај