Протестот на „Фени” ставен во мирување

0
426

Дводневниот протест на работниците од „Фени индустри” поради покренатата стечајна постапка, денеска е ставен во мирување.

Се чека понудата на бугарскиот инвеститор и ставот на банките доверители, информира за МИА Ѓоре Палитов, претседател на Синдикалната организација.

– Во исчекување сме. Во понеделник е закажано судското рочиште во врска со барањето за стечај од страна на банките доверители. Тогаш ќе се знае дали и каква понуда ќе достави до банките заинтересираниот бугарски инвеститор и каков ќе биде ставот на доверителите, нагласи Палитов.

Дури потоа, рече, работниците ќе одлучат што понатаму, дали повторно ќе протестираат или не.

Извор: Курир

Коментирај