ПРОТЕСТ ВО 12ч. ПРЕД СОБРАНИЕ: Огромно НЕ за Законот што ќе воведе беззаконие!

0
317

ОГРОМНО – НЕ – за законот што ќе воведе БЕЗАКОНИЕ!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и сите одговорни граѓани на РМ НИКОГАШ НЕМА да го прифатат овој неуставен, криминален, шовинистички, антидржавен и антимакедонски закон за употреба на албанскиот јазик на целата територија на РМ!

ЗОШТО? ЗАТОА ШТО:

1. Тој е ЖЕЛБА на албанската национал – шивинистичка елита во рамките на проектот „голема албанија“! Прочитајте ја внимателно „Тиранската платформа“!

2. Плод е на ТЕСНО партиски пазар и интерес, а не на интересите на граѓаните на РМ!

3. СДСМ и ДУИ го ТУРКАА во Собранието на РМ преку криминална процедура!

4. Го ИЗГЛАСАА, во второто читање, без опозиција и со просто мнозинство, а СДСМ заборави на ветената амандманска расправа и на негирањето од нивна страна дека постои „Тиранска платформа“!

5. Претседателот НЕ го потпиша и објасни ЗОШТО!

6. ЦЕЛАТА македонска јавност се ПРОТИВИ, и леви и десни, па дури и подржувачите велат дека е хаотично и нелогично напишан со видлива тенденција на ширење на албанскиот национализам во сите аспекти на општеството!

7. Излажаа дека е упатен на Венецијанската комисија за проверка!

8. Експертите велат дека е темпирана бомба која може да ЕКСПЛОДИРА со континуирани меѓуетнички експлозии заради многуте нелогичности во обидите за неговото спроведување! А да не говориме за Агенцијата и Инспекторатот кој треба да казнува со 5.000 евра казна за непрактикувањето на законот! Едноставно, овој закон општеството го воведува во безаконие, а државата во крајна нефункционалност!

9. Ниту Македонците, ниту останатите граѓани на РМ се против можноста нашите сограѓани Албанци да си го говорат и негуваат својот јазик, а истиот според Уставот на РМ да ја има својата дефинирана употреба во РМ, како на локално, така и на државно ниво! НО, прифаќањето на конкретниот предложен закон за употреба на албанскиот јазик кој излегува од рамките на Уставот, е неприфатлив затоа што во себе носи процес за уништување на РМ!

10. Да не заборавиме дека во РМ одамна нема попис на населението, а сите обиди за да има се блокираат од албанската национал – шивинистичка елита во регионот и во РМ! Исто така, спроведувањето на вака предложениот закон е прескапо за сиромашна држава како РМ!

При што, треба јасно сите граѓани на РМ да бидат информирани за тоа со кој процент на даноци нашите албански сограѓани учествуваат во буџетот на РМ, затоа што од тој ист буџет ќе треба да се оделуваат околку 2 милиони евра годишно за спроведување на законот!

Сподели го ОВА за на сите да им стане ЈАСНО дека законот за албанскиот јазик, ваков каков што е, на цела територија на РМ е НЕПРИФАТЛИВ!!!

Граѓанска иницијатива „СТАВ“


Поддршка и повик за протестот против двојазичноста објави и глобалното движење „Ние Сме Македонија“ кое во изминатиот период, на три континенти и во земјава, организираше десетици протести против промена на уставното име на Македонија.

Тие објавија фотографија на која пишува: „Татковината Ве повикува – Времето е Сега“. Денеска, 14.3.2018 година во 12.00 часот пред Собранието на Република Македонија.

„Движењето „Ние Сме Македонија“ го поддржува граѓанскиот протест денес во 12 часот пред Собрание и воедно го повикуваме народот да го искаже своето законско и демократско право, и да протестира“

Коментирај