Протест на француските бездомници поради милијардиската сума за обнова на Нотр Дам

0
135

Откако во јавност на големо се зборува за над една милијарда евра собрани за реновирање на опожарената париска катедрала Нотр Дам, десетици членови на Здружението на бездомниците од Франција иницираа протест пред славната изгорена катедрала барајќи најсиромашните Французи да не бидат заборавени кога за реконстрикција на Богородичната црква беше собрана толку вртоглава сума.

Речиси 50 луѓе од Здружението на француските бездомници носеа постери со натпис „Милијарда за 24 часа“.

Според агенцијата АП, тие извикувале слогани упатени до милијардерот Бернар Арно, кој минатата недела донира 200 милиони евра за катедралата.

Некои учесници на протестот извикувале: „На Нотр Дам му треба покрив, но и нам ни треба покрив“.

Париската полиција го надгледуваше мирниот протест, но не интервенира.

Извор: taratur.mk

Коментирај