Пронајден дневникот на Меган Маркл: Многу денови поминав завиткана во кревет со парче леб и вино

0
460

Пред извесно време на интернет се појави блог во кој мистериозна актерка пишува за своите лоши искуства кои ги има доживеано во минатото. Подоцна се испоставило дека се работи за идната принцеза на Велика Британија, Меган Маркл.

Идната снаа на кралското семејство во блогот под името „Вработена актерка” ги раскажала вистините за сè што имала доживеано во минатото.

-Морав да позајмувам пари, да работам работи што ги мразам, ме третираа како г…о на сет, а јас трпев, да бакнувам актери со непријатен здив и да плачам со часови на крајот од денот, бидејќи мислев дека тоа повеќе не можам да го поднесам – пишува глумицата.

Во меѓувреме, тој блог мистериозно исчезнал, а многумина сметаат дека тој бил намерно отстранет, бидејќи било откриено дека зад него стои Меган, односно идната принцеза.

– Кога е добро, тогаш е баш добро. Останатите 300 денови е потешко отколку што можете да замислите. Нема да лажам. Многу денови поминав завиткана во кревет со парче леб и вино. Жалосно и комично – искрено зборуваше актерката која на 19 мај ќе се омажи со принцот Хари.

Коментирај