Промени што се случуваат по неверството

0
429

Љубовта е сложена. Уште покомплексни се односите кои ја поддржуваат. Одбравме да зборуваме за неверството. За оние лоши изгореници кои што ставаат крај на големата љубов. Едниот е предаден, другиот виновен. Едниот жали, другиот долго размислува и си заминува. Има и такви кои остануваат. Кои докажуваат дека предавството тежи и не се заборава, но љубовта е посилна од сè. Како да се продолжи да се гледаат тие очи кои лажеле, да се бакнуваат усните кои се бакнувани од друг/а ? Работите навистина се менуваат, но љубовта понекогаш знае и да остане.

Еве ги фазите низ кои поминува еден предаден/а, но силно го љуби човекот кој го/ја изневерил па одлучил да ја брани својата љубов.

Сè се помни
Никогаш нема да заборавите каде сте биле, што сте правеле, која песна свирела кога сте разбрале за неверството. Местата се менуваат, работите се менуваат, чувствата исто. Разбирате какво е чувството да бидете предадени.

Ветувањата отпаѓаат
Секој објаснува како треба да се случуваат работите во врската. Секој ветува и во моменти како овој, зборовите ја губат својата сила. Врската е договор меѓу две лица. Станува сè потешко да останеш и да се бориш. Ако врската ви била во криза до овој момент, сега веќе работите се на точката на прекршување. И ако до вчера љубовта кон овој човек ви давала сила да се борите, денес работите тотално се промениле. Штом ме изневерил/а, зошто јас да продолжам да се борам? Имал/а сили да го направи тоа, а јас веќе немам сили да останам.

Треба да научите повторно како да се разбирате
Вашиот избор да останете не ви дава право да ја користите грешката на партнерот/та. Повторно треба да се научите да се разбирате и да ги балансирате односите. Исто како да почнувате едно ново познанство, но на основите на предавството.

Повторно се запознавате и правите чекор назад
Почнувате одново со нови напори, но одеднаш споменот пак ве удира по лицето. Дали вреди? Дали овие нови планови се за двајцата или се само за вас?

Почнувате да мислите дека сте го претчувствувале тоа
Спомените ќе се избистрат во вашата глава. Почнувате да поврзувате некои моменти и сфаќате дека се било точно пред вашето лице. Зошто не сте успеале да го забележите тоа?

Неизбежно почнувате да се обвинувате себеси
Почнувате да мислите дека не давате доволно од себе. Мислите дека не ги задоволувате потребите на партнерот, здодевни сте, не го возбудувате и точно вие сте виновни за тоа. Туѓата грешка го носи вашиот мирис.

Ќе се малтретирате со прашањето „Зошто“
Дури и да го најдете одговорот ќе се чудите постојано. Ништо не би можело да биде доволно за да се објасни она што се случило. Некоја ноќ, долго време откако сте продолжиле, прашањето сепак повторно ќе „изникне“ во вашата глава.

Коментирај