Променете го начинот на кој што живеете!

0
599

1. За почетокот на секој нов ден
Кога се будите, нека првата мисла ви биде за тоа каква привилегија е да сте живи, да ве има, да уживате, да сакате.

2. За збогување со минатото
Не престанете ли да мислите за минатото, не го ли оставите зад себе, не најдете ли сили да си простите, нема како да продолжите кон иднината.

3. За работите за кои трошите енергија
Вашиот живот ќе се промени драстично кога ќе престанете да ја трошите енергијата за работите кои не зависат од вас, и кога ќе се фокусирате на оние кои зависат.

4. За проблемите
Среќата не значи да немате проблеми, туку да знаете како да се справите со нив.

5. За ослободувањето 
Да го пуштите некој да си оди од вас и да се ослободите од него прво треба да разберете дека некои луѓе се дел од вашата приказна, а не од вашата судбина.

6. За околината во која престојувате
Ако комуницирате со кокошките, ќе научите да се кокодакате. Ако комуницирате со орлите, ќе научите да летате.

7. За луѓето кои ве влечат наназад
Ако луѓето околу вас го гледаат само она што било, и сметаат дека вие и грешките сте едно исто, тогаш е време да ги смените овие луѓе.

8. За вашите грешки
Не ги мешајте погрешните одлуки со судбината. Сите правиме грешки. И сите ние учиме од нив.

9. За негативните мисли
Да живеете добро е лесно – само треба да научите да ги „избришете“ лошите мисли.

10. Што значи да се биде задоволен
… Живејте така што на крајот од секој ден ќе немате изговори и жалби.

Коментирај