Променете го начинот на кој комуницирате со вашето дете

0
151

Не постојат правила по кои се водите кога сте родител бидејќи многу односот родител – дете зависи од многу фактори. Но, добро е да знаете дека постојат одредени правила во комуникацијата со вашето дете. Начинот на кој му се обраќате на вашето дете може да биде клучен за тоа дали вашето дете ќе има самодоверба или не. Затоа, родители, обрнете внимание.

Наместо да му викате да престане да плаче, кажете му дека кога тоа плаче и вие сте тажни. Објаснете му дека може да поплачи, но не смее хистерично да плаче. Наместо да го правите уште понервозно со вашиот груб тон на глас, најдете нежен начин да го смирите.

Не му велете дека ако не јаде ќе остане малечко и нема да порасне. Мотивирајте го да јаде со тоа што ќе му кажите дека ако ја изеде супата ќе биде силен како тато или паметен како бато.

Кога се обидува да направи нешто, да состави некоја сложувалка или да бои во боенката, не му потенцирајте дека тоа го прави погрешно со нервоза. Наместо да го критикувате, помогнете му да научи што е правилно.

Ако не сака да направи нешто во моментот, на пример да ги стави патиките за конечно да тргнете од дома, предизвикајте го со зборовите „ајде да се тркаме кој прв ќе излезе од дома!“ Децата ги обожаваат предизвиците.

Важно е да комуницирате на смирен начин, без да покажувате агресивност. Наместо да го осудувате, потрудете се да го разберете. Наместо да викате по него, а детето да не сфаќа зошто се дерете, објаснете му каде му е грешката без да го обвинувате. Знаеме дека не е лесно да се воспита дете со добри манири, но, трудот еден ден ќе ви се исплати.

Извор:www.hybread.mk

Коментирај