Промената на мирисот од урината

0
1839

Урината има специфичен мирис, кој сепак понекогаш може да се промени. Погледнете што може да ја предизвика промената на мирисот од урината.

Дехидрирани сте
Кога телото е дехидрирано мирисот на урината станува силно непријатен. Покрај тоа нејзината боја станува потемна, слична на темно пиво.

Сте јаделе нешто што предизвикува непријатен мирис
Храна како лосос, зелка, брокула, некои зачини, лук, кари, алкохол, можат да предизвикаат лош мирис на урината.

Имате инфекција на уринарниот тракт
При инфекција на уринарниот тракт може да се појави многу непријатна миризба на амонијак во урината и јачината на миризбата зависи од бактеријата која ја предизвикала инфекцијата.

Дијабетес
Високите нивоа на шеќер во крвта можат да предизвикаат промени во мирисот на урината. Еден од првите знаци дека страдате од дијабетес е честото мокрење, придружено со сладок мирис на урината предизвикана од високите нивоа на шеќери во неа.

Миење на гениталиите
Прекумерното миење на гениталиите ја разредуваат вагиналната флора. Тоа предизвикува ранливост од габични и други инфекции. Тие од своја страна можат да предизвикаат уринарни инфекции, кои го менуваат мирисот на урината.

Габична инфекција
Габичните инфекции често преминуваат од гинеколошки кон уринарен проблем, ако не се третираат на време. Затоа појавата на лош мирис од урината може да е сигнал токму за таков проблем.

Во овулација сте
Во периодот на овулација настапуваат хормонални промени кои влијаат на биохемиските процеси во целото тело. Покрај необичниот мирис во урината може да се појави и бел исцедок.

Бремена сте
Ако сте бремена исто така ќе има промена на мирисот од урината. По зачнување во урината се одделуваат хормони кои укажуваат на присуство на плод во матката.

Пиете лекови
Некои лекови можат да предизвикаат не само чуден мирис на урината, но и промена на нејзината боја.

Коментирај