Промена на изгледот на плоштадите во Битола и Виница со постигнатиот договор?

0
373

Изгледот на фонтаната на плоштадот „Магнолија“ во Битола и површината на плоштадот во Виница ќе претрпат измени на дизјанот, според членот 8 од договорот со кој се дефинира „судбината“ на спомениците, пишува „Експрес“, по постигнато решение помеѓу скопје и Атина.

Во параграфот 3 се прецизира дека „втората страна“ не смее на било кој начин да го употребува Сонцето од Кутлеш (Вергина). 16-кракото сонце, кое беше на првото знаме на самостојна Република Македонија, но преживеало во некои форми на јавни места и за јавни потреби, и тоа во рок од шест месеци треба да биде отстрането од секаде.

Сонцето од Кутлеш е исцртано на плоштадот во Виница, а може да се изменува и фонтаната на плоштадот „Магнолија“ во Битола бидејќи е во форма на кралскиот штит на Филип Втори и на која е исцртано осумкрако сонце.

Грција смета дека македонскиот крал е дел од нејзиното историско наследство

loading...

Коментирај