Прогласена е најубавата банкнота во светот

0
378

Меѓународното друштво за банкноти (IBNS) кое е основано во 1961 години во петокот ја избра најубавата банкнота за 2017 година.

Банкнотата од 10 швајцарски франци која ја изработува Швајцарската национална банка е избрана за најубава банкнота на светот во голема конкуренција на банкноти од целиот свет.

10 швајцарски франци

Според меѓународното друштво за банкноти (IBNS) ваква конкуренција досега не била забележана. Во најтесниот избор влегле уште банкнотата од 10 шкотски фунти, канадската банкнота од 10 долари и банкнотата од 7 долари на островот Фиџи.

Коментирај