Професор Питерсон: Постои организиран обид и политики да се казни машкоста на мажите, тоа е патолошка аненда и поглед на светот (ВИДЕО)

0
702

Канадскиот професор и клинички психолог Џордан Питерсон во своето излагање на Фокс Њуз на тема „Што се случува со мажите?“, истакна дека постои организиран обид и се спроведуваат политики да се казни машкоста на мажите, дека тоа претставува патолошка аненда и поглед на светот кој го наметнува левицата.

Неговите ставови можете да ги слушнете од 8-мата минута од видеото:

Питерсон е клинички психолог и професор по психологија на Универзитетот во Торонто, а стана глобално познат откако порача дека нема намера да употребува родово-неутрални обраќања како што предвидуваат новите правилници на Универзитетот во кој е вработен.

Професорот е доста присутен во медиумите каде упатува ефектни и безмилосни критики на денешната крајна левица која ја оценува како тоталитарна, нетолерантна и блиска до најцрните комунистички доктрини како онаа на Мао Це Тунг, поради давање примат на колективниот идентитет наспроти индивидуалниот, кој е темел на западната цивилизација.

Коментирај