Професор Андревски открива стратегија како Северна да не фати корен меѓу Македонците

0
749

Стратегија на Колективно Пренебрегнување

Стратегијата “Колективно Пренебрегнување“ (базирана на игнорирање, занемарување, и презирање) е историски најуспешнаta стратегија на Македонскиот народ за зачувување на својот идентитет.

Преку оваа стратегија, нашите предци колективно ги саботирале обидите за асимилација. Тие ги игнорирале туѓите насилно-наметнати традиции и религии, ги занемарувале наметнатите јазици и топоними, но и ги презирале нашинците кои понизно слугувале на странските режими.

Стратегијата на колективно пренебрегнување е латентно вткаена во меморијата на Македонскиот народ.

Денес, оваа стратегија ќе се рефлектира во колективното игнорирање на зборот северна во секоја ситуација и од сите слоеви на општеството.

На пример, наставниците ќе ги игнорираат ревидираните делови од учебниците, новинарите сосема „ненамерно“ ќе го „испуштаат“ овој збор во своите прашања, спортистите ќе го покриваат кога ќе се пее химната, а туристичките водичи ќе посакуваат добредојде, не во северна, туку во Македонија……

Младите постојано ќе изнаоѓаат креативни начини за заобиколување и исмејување на придавката северна.

Северна ќе биде збор со стигма. Симбол на обесправеност, неспособност, корумпираност, и полтронство. Зборот северна ќе биде сведен на “зборот С“, кој исто како и “зборот Н“ (со кој белците ги нарекувале африканските-американци) ќе биде срамно и непристојно да се изговори.

Колективното пренебрегнување како историски автентична и успешна стратегија на Македонскиот народ ни дава за право да веруваме дека зборот С нема да фати корен.

Како и секој имплант, туѓ и неприроден, ќе биде отфрлен од Македонскиот народ. Кога меѓународните констелации ќе дозволат, ќе биде и институционално отстранет.

Пишува: Гоце Андревски, професор по стратегии на Смит школата за бизнис на канадскиот Кралски Универзитет.

Коментирај