Продолжува расправата за законот за јазиците – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бојкотираат

0
531

Второто продолжение на шестата седница на Комисијата за европски прашања на која што се разгледува Предлог законот за употреба на јазиците во второ читање ќе се одржи денеска во 13 часот, а не на 24 декември како што беше претходно најавено.

Пратениците од опозицијата, како што најавија, не присуствуваат на седницата на комисијата.

На седницата вчера присуствуваше и министерот за правда, Билен Салиу, кој не прифати еден од амандманите на БЕСА. Со амандман, партијата побара да биде сменето името на законот, па наместо „Закон за употреба на јазиците“, да се нарекува „Закон за употреба на албанскиот јазик“.

Министерот за правда, Билент Саљији, го одби амандманот велејќи дека БЕСА манифестира лажен патриотизам.

Веднаш по ова почна директна кавга меѓу Груби и пратениците од БЕСА, бидејќи претседателот на комисијата на своите колеги не им даде можност за процедурална забелешка, по одбивањето на нивниот амандаман.

Груби почна со свое обраќање, по што пратениците од БЕСА почнаа да го попречуваат со удирање по клупите. По завршување на обраќањето на Груби, беше дадена пауза.

Најголем дел од 90 амандмани 84 има ВМРО ДПМНЕ, 4 СДСМ и 2 БЕСА.

Коментирај