Пробиштипјанец му се заканувал на семејство, па нападнал полицаец

0
283

Г.Г.(43) од село Калниште, пробиштипско вчера попладне им се заканувал на пријавителката и нејзиното семејство.

-Полициски службеници излегле на местото и го пронашле Г.Г., кој почнал агресивно да се однесува, а во еден момент физички нападнал еден полициски службеник, информираат од полицијата.

Г.Г. бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно расчитување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментирај