Приведени 17 лица во угостителски објекти во Гостивар и Тетово

0
218

При акциска контрола на полицијата во угостителски објекти во гостиварско и тетовско ноќеска се приведени 17 лица, осум албански државјанки, седум македонски и две од Косово, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.

Во угостителски објект на ул. „Илинденска“ во Гостивар биле затекнати и приведени две државјанки на Македонија, а во друг угостителски објект, во гостиварското село Форино, се приведени две косовски државјанки и по една македонска и албанска.

При контрола во угостителски објект во тетовското село Желино, спроведена ноќеска во периодот од 00:30 до 02:00 часот, се приведени седум државјанки на Албанија и четири државјанки на Македонија.

Коментирај