Природни начини за лечење на јачменче на очите

0
1543

Јачменчето (јачмен) е чирче или апсцес на горниот или долниот раб на очниот капак кој укажува на инфекција на очните жлезди. Иако јачменчињата обично се наоѓаат на надворешната страна на капакот, тие може да се појават и на внатрешната страна.

Иако се појавува и кај возрасни луѓе, јачменот е главно детска болест. Болеста е непријатна, бидејќи предизвикува пречки и болки. Најпрво отекува, потоа се стврднува и постепено се зголемува. Кога ќе созрее, т.е. кога во него ќе се развие гнојниот чир, потребно е да се отвори за да може гнојот да истече. Понекогаш пукнува сам, па гнојот, посебно ноќе се разлева во окото. Јачменот често се враќа поради постојано триење на окото, или поради стеснување на каналот кој ги спојува носот и окото.

Јачменчињата најчесто се предизвикани од стафилококни бактерии кои често се наоѓаат во ноздрите. Бактериите можете да ги пренесете на капакот кога ќе го допрете носот, а потоа ќе ги истриете очите.

Лечење:

Компир
Компирот е многу погоден за јачмен затоа што делува против воспалително. Можете да го нанесете во кришки директно на јачменот или да направите паста од жив компир во блендер со малку вода. Оваа паста сигурно ќе го намали отокот и болката или како последна опција изрендајте малку жив компир и ставете го на инфицираното око.

Краставица
Таа делува противоспалително, ќе ви ја олесни иритацијата веднаш при нанесување на окото. Во себе содржи витамин К, Ц и Б1, калиум и бром кои ќе му помогнат на очниот капак да заздрави.

Нане
Згмечете неколку свежи листови од нане и ставете ги на окото. Држете 5 минути а потоа исплакнете со млака вода.

Камилица
5 гр. камилица се прелива со половина литар превриена вода, да стои поклопено додека да се излади. Со овој чај треба да се измива окото трипати дневно.

Белка
За да го третирате јачменот на окото, најпрвин е потребно да ја одвоите белката од жолчката. Потоа белката ставете ја на стерилна газа и прекријте го окото со газата. Оставете ја облогата да отстои 15 минути, потоа измијте се. Оваа метода применувајте ја три пати дневно со цел побрзо да се ослободите од јачменот.

Лук
Сокот од лук брзо помага за ублажување на инфекцијата. Лукот ќе ви помогне бидејќи има антибактериско и антимикробно дејство. Нанесете малку од сокот на инфицираниот капак. Корисните материи ќе преминат во очниот капак и ќе дејствуваат дури јачменот и да е внатрешен. Кога нанесувате од сокот од лук, внимавајте да не навлезе во вашето око.

Исхрана
Ако јачменчињата и халазоните се појавуваат често, нутриционистот може да ви препорача внесување додатоци на витамините А и Ц, кои, изгледа, го чуваат здравјето на кожата. Можете да пробате и исхрана за систематско прочистување на организмот што се состои само од свежо овошје и зеленчук, јогурт, овошни чаеви, сокови и минерална вода и се применува до една недела. Натуропатите веруваат дека оваа диета, ако се повторува во правилни временски периоди, може да го спречи создавањето јачменчиња.

 

Коментирај