ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ ЗА ЗАБОБОЛКА

0
294

Сигурно досега сте се соочиле со страшна забоболка особено во доцните ноќни часови кога стоматолозите не работат. Наместо веднаш да посегнувате по силни апчиња за смирување на болките пробајте да ја смирите болката на природен начин се до посетата на стоматологот.

Ви нудиме неколку едноставни и ефикасни методи за смирување на болката во забите.

Вода со сол

Солената вода е природен начин за дезинфекција и лек за забоболка. Измешајте половина лажица морска сол во чаша со топла вода и плакнете ја устата со оваа течност.

Хидроген

Хидроген пероксидот може да помогне доколку имате забоболка. Помага за намалување на плакот и ги смирува непцата кои крварат. Измешајте лажица хидроген од 3% со лажица вода и исплакнете ја устата само внимавајте да не голтате од оваа мешавина.

Каранфилче

Овој зачин може да ви помогне при забоболка поради еугенолот, активна антисептичка состојка која ја содржи. Ставете од зачинот на забот кој ве боли и околу него.

Ладни облоги

Ваквите облоги се ефикасни за забоболкте. На образите, држете ќеса со мраз најмалку 15 минути за да почувствувате олеснување и намалување на болката.

Лук

Лукот одамна е познат како лек, а за да ви помогне за лекување на болката во заб, најдобро е да го изблендирате и да го намачкате на болното место.

Пченица

Пченицата е позната по нејзините антибактериски својства. Можете да ја изблендирате и со сокот да правите гаргара или пак да ја џвакате се додека болката не исчезне.

Кромид

Иако највкусен е со скара, кромидот може да ви се најде ако имате неподносливи забоболки. Исецкајте го на ситни парчиња и џвакајте го полека. Сокот од кромидот ќе стигне до болното местои моментално ќе госмири.

Коментирај