Принципите на Екатерина II Велика за воспитувањето

0
1184

Екатерина II Велика, родена како Софија Фредерика Августа фон Анхалт-Цербст, (2 мај 1729 – 17 ноември 1796) била императорка на Русија во периодот од 1762 година до 1796. Таа всушност е и императорот кој најдолго се задржал на тронот на Руската Империја, а периодот од нејзиното владеење многу често се нарекува „Златен век“ и е посочен како пример на просветлен апсолутизам.

„Никакви јакни- децата мора да се челичат. Не ги хранете насила, нека седат на масата и нека јадат толку колку што им бара организмот, а можете да им давате по парче црн леб помеѓу оброците. А децата нека играат колку што сакаат! Бидејќи детските игри не се само игри – тие се добра обука и вежбање за нив.“

Овие принципи за воспитување на Екатерина Велика биле навистина револуционерни за тоа време, но е интересно да ги погледнеме и денес, повеќе од два века по владеењето на големата царицата.

Нејзиниот сопствен син, идниот император Павел I бил воспитуван сосема поинаку – него го хранеле помошниците и цела група од дворјани се грижела да ги исполнува сите негови каприци што според Екатерина II не само што не му е донело ништо добро туку и „му нанесло неспоредливо големи физички и морални штети “.

Додека нејзиниот син бил дете, Екатерина не можела да се меша во неговото воспитување.  По државниот удар во 1762 година, кога станала полноправен владетел, карактерот на нејзиниот син Павел веќе бил непоправлив.
„Мојот син има лошо здравје и недостојна душа, и сето ова е последица на неговото глупаво воспитување. Но, со моите внуци, сè ќе биде сосема поинаку“- Екатерина Велика.

Во 1784 година, Екатерина II создала детален водич за воспитување на нејзините внуци Александар и Константин, кои им ги предала на нивниот воспитувач. Таа барала од него, како и од сите учители на младите кнезови „ секогаш да им напомнуваат за правилата за човекољубие и милост кон сите живи суштества“.

Нејзиното педагошко мото се состои во следново: „кој по природа е добар и се стреми кон подобро, тој е роден среќен.“ Таа држела на скромноста и непринудеността во секојдневието, на едноставноста во исхраната и барала нејзините внуци да консумираат здрава и едноставна а не богата храна.

Според императорката најважното е достоинството, кое требало да се следи при воспитувањето на децата, и тоа да се научат на љубов кон ближниот, кон човечкиот род, на срдечност и добротворниот однос кон сите луѓе и да не подлегнуваат на страв, лутина и сомневање.

Педагошкиот талент на императорката бил напишан во посебен прирачник во кој овие нејзини принципи за воспитување на вредни личности биле систематизирани во одделни глави – од облеката и храната до солзите и стравот. И иако современите психолози оспоруваат некои од нив (како на пример „кога паднат и се удрат, да не се посветува големо внимание, а солзите се забранети. Зашто силниот дух го поддржуваат добродетелите“), повеќето од овие принципи и денес звучат актуелно и се повеќе од разумни.

Еве некои интересни извадоци од нејзините правила:

Не забранувајте им децата да играат колку што сакаат.

Дајте им на децата целосна слобода во нивните игри и активности, и ќе им биде полесно да разберат што се нивните склоности и каков е карактерот што го поседуваат.

Децата не треба да бидат ограничени или казнети за нивните игри или детското несоодветно однесување, сè ќе се поправи со времето па и умот.

Детските игри не се само игри, тие се добра обука и вежбање за децата.

***

Зборувајте трпеливо со децата, слушајте им го секој збор, разговарајте со нив на пријателски начин и разговарајте со нив за сè што се случува. Така тие ќе се здобијат со навики за размислување и анализирање.

Чувајте ги подалеку нивните очи и ушите од сите лоши и опасни примери. Никој не треба да се лути пред  децата, не треба да се изговараат груби, непристојни и навредливи зборови. Не дозволувајте никакви разговори, приказни и гласини кои ги покоруваат доблестите и љубовта кон доброто, или оние кои ги фалат пороците.

Лажењето и измамата им се забранети и на самите деца и на нивната околина. Никој не треба да лаже дури и на шега. Децата треба да знаат дека да бидат измамени е срамно и нечесно, и дека тоа доведува до презир и недоверба кај сите луѓе.

***

Ако морате да ги укорувате децата, секогаш направете го тоа насамо со сериозен глас и израз. И кога заслужуваат пофалба, направете го тоа пред сите.

Не ги карајте децата за учењето и не ги терајте да учат со принуда. Но, кога учат добро и со желба пофалете ги.

Треба да се охрабрува детската љубопитност, па затоа стрпливо слушајте ги нивните прашања и одговорете им на прецизен и сеопфатен начин.

Децата треба да учат, но поважно е да им се постави желба и љубов кон знаењето, така што самите ќе сакаат да го размножуваат своето знаење.

Најдобар начин да научите странски јазици е да разговарате со децата на овие јазици.

Забрането е децата да бидат принудени да повторуваат и да учат на памет. Ова не ја подобрува меморијата.

Не дозволувајте децата да учат со страв. Кога душата е оптоварена со страв, да посееш знаење во неа, е исто како да пишуваш врз хартија што трепери.

Ако треба да ги одучите децата од некоја игра, најдобриот начин е да ги присилите да ја играат со часови секојдневно без прекин.

Коментирај