Прилепчани ги бараат Некст Тајм на местото од Тамара за Пивофест

0
867

На местото од Тамара Тодевска која го откажа својот концерт за “Пивофест”, прилепчани веднаш реагираа и на социјалните мрежи направија настан преку кој одново ги бараат “Некст Тајм”.

По само еден час откако пејачката објави на својот Фејсбук профил дека ги откажува своите настапи во Прилеп и Охрид, се појави настан на кој пишува: Некс тајм наместо Тамара на Пивофест

Тамара Тодевска требаше да настапи како главна ѕвезда на третата фестивалска вечер на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, но по бурната реакција на јавноста, таа реши својот настап да го откажи.Screenshot_18

Од друга страна, музичкото дуо “Некст Тајм” настапи и минатата година на “Пивофест” и направија вистински бум на фестивалската сцена.

Коментирај