Пријателот на Шумахер ја откри неговата состојба на неговиот 50-ти роденден: „Гледавме многу трки заедно…“

0
148

Жан Тод, поранешниот шеф на Ферари и најдобар пријател на Михаел Шумахер, откри каква е состојбата на легенарниот возач од Формула 1.

Шумахер денеска слави 50. роденден и неговата сопруга се огласи во јавност, но не откри повеќе детали за неговата состојба и колку оздравел по несреќата, која ја доживеа пред пет години.

Меѓутоа, неговиот пријател не беше толку внимателен и откри некои детали, според кои може да се заклучи дека здравствената состојба на Шумахер очигледно е подобрена.

Тод призна дека кај Шумахер неодамна ја гледале заедно трката за Големата награда на Бразил, а тоа не би се случило, доколку легендарниот возач бил приклучен на апарати и лежел во кревет.

„Со него гледав многу трки пред и по несреќата. Гледавме многу трки заедно и ќе гледаме уште многу во иднина“, кажа Тод.

Коментирај