Причини за надуен стомак

0
2628

Надуен и болен стомак е симптом кој погодува сè поголем број на луѓе. Најчесто таквите непријатности се последица на лошата исхрана која ги иритира цревата.
Неколку причини кои доведуваат до надуеност во стомакот:

1. Мастики без шеќер

Постојат две главни причини поради кои може да доведе до болка и надуеност. Првата е дека додека џвакаме мастика вдишуваме повеќе воздух од обично. Втората и поважна причина е дека мастиките без шеќер содржат алкохолни шеќери. Тие не се апсорбираат лесно и се честата причина за стомачна нелагодност, особено кога се консумира во големи количини.

2. Газирани пијалоци

За повеќето од нас јасно е дека газираните пијалаци се причина за надуеност. Всушност меурчињата кои го прават пијалокот газиран, се главен фактор за да дојде до надуеност во стомакот.

3. Лук

Лукот е меѓу храните, кои потешко се апсорбираат од гастроинтестиналниот тракт или не се апсорбираат воопшто. Поради оваа причина тие доведуваат до акумулација на вода во цревата, ферментираат и се акумулираат гасови.

4. Пуканки

Поради својот обем пуканките предизвикуваат надуеност во стомакот. Порција од 3 – 4 чаши пуканки зазема место во стомакот, колку 3 – 4 тениски топчиња. Реално тоа обезбедува јагленохидрати исто колку една кришка леб, но зазема многу повеќе простор.

Коментирај