Причини за кои не треба да го кажете судбоносното „ДА“

0
846

Има многу причини кои жените можат да ги наведат за тоа зошто не се мажени. Но има и многу примери во кои причините на жените за избор на сопруг не се добри. Ви нудиме 8 од причините кои ќе ве заштитат од погрешно ДА.

1. Атрактивна надворешност
Понекогаш тешко е да одолеете на убав, строен маж со прекрасно лице, со стегнато тело- совршен претставник на машкиот пол на човештвото. Велејќи ДА на таков човек, потсвесно велиш ДА на неговите убави гени кои ви гарантираат убави деца. Но мора да се запрашате дали само ве привлекува неговата надворешност? Дали водите искрени разговори со партнерот? Дали имате заеднички теми за разговор? Дали се согласувате? Дали е љубител на исти филмови како и вие? Ако одговорот е НЕ, тогаш е многу веројатно дека по неколку години ќе дојде до расправии и несогласувања со партнерот, кој нема да биде толку привлечен, но сепак ќе биде вашиот човек.

2. Блиските ви тврдат дека „време е“

Голема грешка е да се стапува во брак поради причината „време ти е“. Дури и да сте на 40 години, верувајте дека кој бара и си наоѓа. Но да живеете под еден покрив со човек кој не ви е „по мерак“ и да одгледувате деца заедно – не е баш најдобра перспектива.

3. Страв ви е од осаменост

Верувајте, може да бидете осамена дури и да сте мажена. Вашата среќа е само ваша работа. Кога ви е интересно сами со себе, тогаш и другите ќе се заинтересираат за вас.

4. Партнерот е омилен од вашата околина

Голем проблем е ако се омажите само поради фактот дека тој човек и е омилен на вашата околина. Но само вие знаете каков човек е всушност тој и дали вреди да биде во вашиот живот без да зависите од мислењето на луѓето. Покрај харизмата, за среќен семеен живот потребни се и други работи – на пример одговорноста кон вас.

5. За да го заборавите бившиот

Не барајте веднаш замена за поранешното момче а најмалку пак да се омажите само за да му покажете какво „богатство“ испуштил. На оваа основа не можете да изградите среќа во бракот.

6. Сакате да избегате од своите родители

Желбата да имате свој живот и да излезете од контролата на родителите е уште една лоша причина за жените да склучат брак со несаканиот човек.

7. Сексот е одличен

Всушност многу прашања можат да се решат во кревет. Но што ќе правите во иднина, кога ќе бидете омажени за овој човек со години, а страста нема да игра клучна улога во вашите односи?

8. Го сожалувате потенцијалниот сопруг

„Тој не може без мене“ – Ако веќе го мислите тоа во однос на вашиот иден маж, размислете повторно пред да го кажете судбоносното „ДА“. Дали сте подготвени да се справите со овој проблем до крајот на вашиот живот?

Коментирај