Прибе лично ги предупредил СДСМ: Името не е услов за влез во ЕУ, реформите се

0
202

Треба да сте целосен аматер и дилетант да го решите спорот со името, без  да побарате било каква гаранција на писмено дека ветувањето добиено за возврат, а во овој случај, добивање датум за преговори, ќе се реализира. Очгледно брзајќи да го направи договорот, Заев не ги побарал овие гаранции – истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ во Само интервју.

Минатата година во Виена имаше конференција, на која беше присутен и Рајхарт Прибе, кој рече дури и да се реши спорот со името, ако не се реализираат реформите кои тој ги задал, не е доволно. Прибе ова им го соопшти на претставниците на СДСМ, рече Николоски.

Тој рече дека кога прашал негов пријател врховен судија од Германија што мисли за регионот, тој му рекол дека регионов е супер корумпирани  и тоа ја дава комплетната импресија за нас надвор.

Коментирај