Претворете пар од стари фармерки во нешто модерно

0
715

Секоја дама во својата гардероба има облека која не е веќе во мода, облека која ја заборавила или која одамна не ја носи. Денес ќе ви покажеме како со неколку едноставни чекори може да се претвори еден пар од стари фармерки во модерни кратки панталонки со омбре ефект.

1. Земете ги фармерките и исечете ги до колената. 

2. Сега треба да ги исечете точно до должината која сакате да ја имаат вашите „нови“ панталони и да означите каде ќе ги исечете малите делови.

3. Почнете да сечете по линиите каде што сте обележале. Внимавајте треба да сечете само од едната страна на ткаенината. Задниот дел на панталоните треба да биде цел.

4. За да се добие омбре ефектот, ќе имате потреба од белило (варикина). Во сад ставете околу 2 прста белило и ставете ги панталоните. Потопете го убаво долниот дел и оставете да се впие барем 20 минути. Не оставајте подолго од 25-30 минути, бидејќи варикината е силен детергент и може да го оштети тексасот.

5. Исплакнете ги убаво со ладна вода. Ако сакате да ги зачувате направените промени и да го спречите пожолтувањето ставете ги панталоните во оцет. Потоа исто исплакнете или исперете.

Коментирај