Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

0
139

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

На средбата станало збор за актуелните случувања во земјава, за договорот со Грција и претстојниот референдум.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува интеграциите на земјава во НАТО, и дека членството во оваа организација, како и интеграциите во Европската Унија се од стратешки интерес за земјава.

Воедно тој подвлекол дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела, а ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање.

На средбата било потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта треба да се посвети на подобрување на реалните области за живот кој се од суштествено значење за граѓанинот, а таму се до сега се забележува огромна стагнација пропратена со огромен број на афери и сомнежи за злоупотреба.

Што се однесува до самиот став во однос на референдумското изјаснување, било истакнато дека  ВМРО-ДПМНЕ привршува со процесот на широки консултации и во текот на идната недела ќе заседавал Извршниот и Централниот комитет на партијата.

Извор:kurir.mk

Коментирај