Претседателот на судот во Штип забранил да се зборува за Игор Спасов

0
127

Портпаролот на судот во Штип, Јулијана Неткова, во изјава за „Сител“ вели дека денеска новоизбраниот претседател на судот во Штип, Ѓорѓи Андонов, забранил да се даваат изјави за случајот со Игор Спасов.

Судот во текот на денот ќе издал соопштение на својата интернет страница, вели Неткова за телевизијата.

Осудениот убиец на Мартин Нешковски добил дозвола од штипскиот суд да го напушти затворот и да користи боледување од една година и два месеца. Од специјалецот, кој требало да се врати во затворот „Идризово“ во петокот, на 18 октомври, нема ни трага, ни глас скоро две недели.По неуспешната потрага во државата, полицијата по барање на штипскиот суд распиша меѓународна потерница.

Извор:Република.мк

Коментирај