Претседателот Иванов ги започнува консултациите – средба со претседателот на Уставниот суд

0
357

По вчерашната најава од кабинетот на Претседателот на Република Македонија дека претседателот Ѓорге Иванов ќе отпочне консултации со надлежни институции и политички партии, денеска Иванов ќе оствари средба со претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Никола Ивановски, потврдија за МИА од кабинетот на Иванов.

Вчера, како што велат, македонскиот претседател оствари средба со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија, на која се разговараше за актуелната политичка ситуација во земјата, при што амбасадорот Жбогар ги пренесе ставовите на Европската унија во врска со ова прашање.

Коментирај