Претседателот Ѓорѓе Иванов со лист хартија го покри делот „Бивша Југословенска“ од името на Република Македонија

0
734

На конференцијата во Катовице, Полска претседателот Ѓорѓе Иванов со лист хартија го покри делот „Бивша Југословенска“ од името на Република Македонија, а плакетата која стоеше на местото предвидено за македонскиот претседател.

Доследен на одбраната на уставното име на земјата и на заклетвата при стапувањето на функцијата претседател во два мандата, Ѓорге Иванов и на меѓународната конференција во Полска седна зад натпис „Република Македонија“, иако импровизиран – пренесува Експрес.мк.

ivanovvvvvvvvvvvv

Со оглед на тоа дека организатор на Самитот за климатските промени во Катовице се Обединети нации, каде што земјата што ја претставува тој е примена под привремена референца, по „диверзијата“ врз табличката со англиската верзија со покривање на „Поранешна југословенска…“ Иванов е овековечен зад натпис со уставното име.

Шефот на македонската држава денеска, пак, имаше предавање на универзитетот во Катовице, во кое истакна дека „Република Македонија се соочува со можеби најголемиот предизвик од нејзиното формирање, а тоа е да се одрече од историското право и од правото на самоопределување“.

„Грција со Спогодбата од Преспа ни наметнува ново име и бара тоа да се применува erga omnes – и за меѓународна, и за домашна употреба. Предвидено е да го промениме Уставот. Преку оваа спогодба, Грција ќе добие постојан надзор за тоа како ние ќе се именуваме себе си, но и како другите држави ќе ни се обраќаат нам“, рече тој во обраќањето.

Со Спогодбата, како што наведе македонскиот претседател, „ќе се преименуваат институциите, ќе се цензурира содржината на учебниците на нашите деца, ќе се спречува правото на граѓаните да го изразуваат својот македонски идентитет“

Коментирај