ПРЕСВРТ: Подобрена здравствената состојба на Шумахер – Со Тод заедно гледаат Формула 1!

0
210

Легендарниот возач на Формула 1 заработи повреда на главата и се уште не е доволно опоравен, а семејството во тајност ги држи сите информации за неговата здравствена состојба.

Жан Тод, претседателот на ФИФА и поранешен шеф во Ферари за Радио Монтекарло зборуваше за здравствената состојба на поранешниот светски првак.

Тод ги охрабри сите фанови на Шуми, но и љубителите на мотоспортот кажувајќи дека 50-годишниот Германец постепено се опоравува.

„Вистина е дека неговото здравје е подобрено. Со Михаел заедно ги гледаме трките во неговиот дом во Швајцарија.“ – изјави Тод.

„Тој не се откажува, продолжува да се бори, но јасно е дека нашето пријателство не може да биде како некогаш од причина што комуникацијата не е иста како претходно, но продолжува да се бори.“ – додаде Тод.

Коментирај