Пресуда за „Рекет”: Боки 13 доби 9 години, a Jанева 7 години затвор

0
311

Поранешната јавна обвинителка Катица Јанева денеска е осудена на 7 години затвор од страна на судот во случајот „Рекет“. Пресудата ја донесе судечкиот совет со кој заседава судијката Васка Николовска-Масевска, а Јанева не присуствуваше денеска во Судот.

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски за двете дела за кои беше обвинет доби по 5 години затвор, а судот одреди единствена казна од 9 години.

Судијката Масевска истакна дека овој случај е специфичен затоа што постоела опасност да биде нарушена довербата во судскиот систем и додаде дека биле изведени голем број докази.

Потсети дека случајот траел 6 месеци за кое време се одржале 36 рочишта, но и дека досега не се соочила со ваков случај.

Коментирај