Преподобните Исакиј, Далмат и Фауст

0
142

Преподобните Исакиј, Далмат и Фауст
Исакиј се празнува уште еднаш посебно (под 30 мај). Свети Далмат најнапред беше офицер кај царот Теодосиј Велики и царот го чуваше во голема чест. Но кога во него се разбуди духот, тој презре сѐ светско, го напушти чинот, го зеде својот син единец Фауст и со него отиде во предградието на Цариград, во обителта на Свети Исакиј, каде што обајцата примија монашки потстриг. Далмат сиот му се предаде на богоугодниот живот, на голема радост на старецот Исакиј. И кога му се приближи смртниот час, старецот го постави Далмат за игумен наместо себеси. Подоцна таа обител по него се нарече Далматска.
Света мироносица Саломија
Мајката на Светите апостоли Јаков и Јован. Жена на Заведеј, а ќерка на праведниот Јосиф. Му служеше на Господ за време на Неговиот земен живот и се удостои да биде меѓу првовесниците на Неговото воскресение.

Преподобен Козма евнух
Монах од лаврата Фаранска. Многу учен во Светото Писмо. Толку ги ценел делата на Св. Атанасиј Велики што му велел на својот ученик: „Кога ќе слушнеш некој збор од книгите на Свети Атанасиј, ако немаш хартија запиши го на рака.“ На старост дојде во Антиохија кај патријархот Григориј (+584г.) и тука го заврши својот земен живот. Патријархот нареди телото на Козма да се погреба во манастирот на Патријаршијата. Еден човек често доаѓаше на Козминиот гроб и чевствувајќи го Светителот, Му се молеше на Бога. Кога го прашаа зошто прави така, објави дека дванаесет години лежел фатен и дека Свети Козма го исцелил.
Преподобен Антониј Римјанин
Роден е во Рим во 1086 година, од родители благочестиви и имотни. Во тоа време Римската црква се одвои од Источната и сите што ѝ останаа верни на Источната Црква беа гонети од римскиот клир. Меѓу гонетите беше и Антониј. Тој го раздаде сиот наследен имот и се замонаши. Се подвизуваше стоејќи на една карпа во морето четиринаесет месеци. Но карпата се одвои од својата основа и по некоја чудна промисла доплови во Новгород. Во Новгород љубезно го прими архиерејот Никита и му помогна да ѝ подигне црква на Пресвета Богородица, каде што потоа се крена манастир. Поживеа Свети Антониј долго како игумен на манастирот, пројави голема блгодатна сила преку многу извршени чуда и се упокои мирно во 1146 година, кога се пресели во дворците на Господ.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 72)
Во она врме пристапи кон Исуса еден човек, кој падна на колена и рече: „Господи, смилувај се на мојот син, зашто при нов месец го фаќа бес и се мачи многу; често паѓа во оган и често – во вода; го одведов при Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“ А Исус одговори и рече: „О, роде неверен и развратен! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука!“ И му нареди Исус на бесот и тој излезе од момчето; и тоа оздраве во тој час. Тогаш учениците пристапија кон Исуса насамо и Му рекоа: „3ошто не можевме ние да го истераме?“ А Исус им рече: „3аради вашето неверие: зашто, вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе ѝ речете ли на оваа планина: ,Премести се одовде таму!’ и таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно. Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.“
А кога беа во Галилеја, Исус им рече: „Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки, и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“
Свети Макариј Велики
ака, можно е да се вкуси благодатта Божја, зашто е кажано: ‘Вкусете и ќе видите колку е благ Господ’ (Псал. 33, 8). Ова вкусување е динамичната сила на Духот којашто се манифестира во целосна полнота во срцето. И затоа оние што се синови на Светлината, служители на Новиот Завет во Светиот Дух, немаат што да научат од луѓето. Тие самите се поучувани од Бог. Самата благодат ги врежува во нивните срца законите на Духот… Срцето е господар и цар на целиот телесен организам, и кога благодатта ќе го заземе подрачјето на срцето таа владее со сите негови делови и со сите негови мисли. Зашто во срцето живее умот, и сите мисли на душата, и нејзиното исчекување на идните добра. Ете затоа благодатта и ги проникнува сите делови на телото

Коментирај