Премиерот во заминување гостуваше во НРТВ, а не на МТВ

0
94

Премиерот во заминување Зоран Заев и министерката за економија Нина Ангеловска, предлог-буџетот за 2020 година пред новинарите и уредници не го образложуваа во Македонската радиотелевизија, туку на Националната радиотелевизија или НРТВ. Барем така го најави тој нивното гостување на „Твитер“.

Screenshot_10

Jавниот радиодофузен сервис со владина одлука е преименуван во Национална радиотелевизија, според Преспанскиот договор, но кратенките МРТ и МТВ и понатаму се во употреба во нејзините програми и емисии, како и од новинарите, а непроменето е и логото на телевизијата.

На линкот може да се погледнат сите институции чие име е променето со одлука на Владата.

Коментирај