Прекрасен сончев викенд, од понеделник промени

0
451

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до минус четири, а дневната од четири до 12 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Претпладне со услови за слаба магла.

Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до шест степени.

До недела ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на магла по одделни котлини. Во недела кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег на пониските, а снег на повисоките места и на планините. В сабота и в понеделник ќе дува засилен северозападен вете

Коментирај