Преговарачите за името на одмор, министрите стапуваат на сцена

0
636

Преговарачите за спорот околу името, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, веќе нема да се среќаваат со посредникот Метју Нимиц, пишува весникот независен.мк кој тврди дека преговорите за името ќе ги водат делегации од министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција, предводени од министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас.

На оперативо ниво преговорите треба да ги водат и поинтензивно да комуницираат директорите за Балкан во министерствата, Александра Миовска и Софија Грамата.

Двете дипломатки веќе биле присутни на последната рунда преговори во Њујорк и се добро упатени во преговарачкиот процес, велат истите извори. Миовска беше присутна на на рундата преговори што се одржа во Брисел во декември.

Посредникот Метју Нимиц, кој наскоро доаѓа во Атина и Скопје, ќе се сретне со министрите за надворешни работи Димитров и Коѕијас, кои по последната нивна средба во Солун, најавија подиректна комуникација.

Нејасно е како во вакви услови ќе се оствари планот на Нимиц кој во Брисел најави три рунди разговори со Наумовски и Василакис во јануари, февруари и март.

Извор: Експрес.мк

Коментирај