Прегазено шестгодишно дете во Прилеп

0
348

Вчера во 15.45 часот на улица „Војводинска“ во Прилеп, патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Прилеп, удрило во шестгодишно дете од Прилеп.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и му била укажана помош во Градската болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Извор:Република

Коментирај