Предупредување од „Икеа“: Ако го имате овој производ, веднаш вратете го

0
7174

Шветската компанија за мебел „Икеа“ ги предупреди своите потрошувачи дека доколку купиле од лигавките за бебиња од производот MATVRA, веднаш да престанат да им ги ставаат на своите деца. Причината е што копчињата на овие лигавки во плава и црвена лесно отпаѓаат и може да дојде до задушување.

ikea-ligavki

Од „Икеа“ апелираат од купувачите да го вратат производот и парите ќе им бидат вратени и при тоа нема да им биде неопходна фискалната сметка.

Безбедноста на нашите потрошувачи секогаш е на прво место и тоа го сметаме за многу сериозно. Сите наши производи се проверени и во согласност со нормите и препораките. Добивме извештај дека копчето на детското лигавче со наслов MATVRA може лесно да се откачи и да дојде до гушење кај бебето што го користи, стои во официјалното соопштение на брендот.

Извор:Република.мк

Коментирај