Предностите и недостатоците на врската со постар маж

0
2158

Секој кој имал долга врска во животот, знае дека не е воопшто лесно да се одржува страста и дека ваквата врска има бројни предизвици. Кога сепак има и голема возрасна разлика, и тоа во корист на мажот (зборуваме за разлика од минимум 10 години), работите стануваат многу посериозни. Врската со постар маж дефинитивно има бројни предности за жената но и многу недостатоци. Видете кои се тие:

Предности:

Финансиска стабилност
Мажот е финансиски стабилен (во повеќето случаи). Кога една жена ќе започне врска со доста позрел маж, обично ја наоѓа за привлечна неговата добра финансиска состојба. Нема да лажеме ако кажеме дека за жените тоа е важно, не затоа што се материјалисти туку бидејќи тоа е знак дека мажот е одговорен и способен да се грижи за семејството.

Крај на SMS игрите
Повозрасните господа не се занимаваат со пишување на текстуални пораки, криенки и слично. Тие се директни, знаат што сакаат и го кажуваат директно тоа во еден телефонски разговор, точно и јасно. Не се занимаваат со играчки и тинејџерско „гмечење“.

Зрачи самодоверба
Зрелиот маж го привлекува женското внимание со својата самодоверба. Најчесто тоа се должи на неговото богато животно искуство, кое го научило како да се однесува со една дама и да знае како навистина да ја импресионира.

Љубомората оди во позадина
Голема предност (во повеќето случаи, се разбира) е дека љубоморните сцени остануваат во минатото. Постарите мажи имале многу врски, ги поминале сите фази во кој ѕвонат и проверуваат каде е нивната партнерка со кого е и што прави на секој еден час. Имаат доверба на жената до нив и во тоа може само да уживаат претставничките на понежниот пол.

Недостатоци:

Ако имате врска со постар маж, треба да сте подготвени за многу незгодни прашања од роднините и пријателите. „Како се запознавте“, „Што иднина имате“, „Не е ли возрасен за да има деца“ и уште многу слични прашања… Но, ако навистина го сакате тој човек покрај себе едноставно не морате ни да одговарате на овие прашања.

Судир на карактери
Имајте на ум дека еден зрел маж знае многу прецизно и јасно што сака од животот и како да го постигне тоа. Тој ги има направено своите важни избори и веќе си го зацртал планот на животот. Од вас ќе се бара да го следите него, а не тој вас. Ако не сте подготвени на оваа жртва тешко дека ќе има разбирање помеѓу вас.

Помирете се дека тој имал живот пред вас
Од самиот почеток на ваквата врска треба да сте свесни дека постојат многу работи кои тој ги доживеал без вас и најверојатно нема да сака да ги повтори со вас. Вие сте помлада и имате многу ентузијазам, но тој не. Ова се должи на неговото големо животно искуство, кое во принцип вас ве импресионирало, нели?

Пријателите ви се радикално различни
Вашите пријатели најверојатно се и ваши врсници, додека неговите не. Тоа е сосема нормално и треба уште на почетокот да знаете дека неговата средина е различна и неговите пријатели имаат поразлични размислувања од вас. Ова може да предизвика конфликти…

Коментирај