Пред избори антикорупциска отвора предмет против претседателот Иванов

0
419

Предизборните унапредувања и именувања во Армијата што минатата недела ги потпиша претседателот Ѓорге Иванов, ќе бидат предмет на постапка на Антикорупциска комисија.

Следејќи ги именувањата сметаме дека има доволно материјал да се отвори постапка“, вели Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК,пренесува„360 степени“ на Алсат М.

На 26 февруари, со веќе распишани претседателски избори, во Службен весник се појавија шест укази од претседателот Ѓорге Иванов за унапредувања и именувања во армискиот врв.

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов велат дека донесените укази се согласно член 18 од Законот за одбрана, со кој Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали (точка 11) и поставува и отповикува воени претставници на Републиката во странство (точка 12)“.

Извор:lider.mk

Коментирај