Пред 124 години: Почина рускиот композитор Петар Илич Чајковски

0
323

Неговите „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“ до ден-денес се обожувани ширум светот.
Петар Илич Чајковски беше гигант на класичната музика на XIX век. Неговиот стил е одраз на поделеноста во руската интелигенција на западњаци и словенофили и на Руското царство во целина, затоа што се трудеше да создаде чисто руска музика врз европски стандарди.

Чајковски на тој начин им обезбеди на руската мелодија и хармонија место на Западот, а неговите прочуени дела „Ромео и Јулија“, „Оревокршачка“, „Лебедово езеро“ и увертирата „1812 година“ се сакани ширум светот до ден-денес. Почина на 6 ноември 1893 година на 53-годишна возраст.

Чајковски е погребан во Санкт Петербург, девет дена по неговата последна изведба. Како причина за неговата смрт се смета колерата.

Извор: Russia Beyond 

Коментирај