Пратениците ја нарекоа Јанева “дрска“ и го отфрлија нејзиното барање за добивање апанажа

0
450

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го отфрли барањето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за добивање апанажа.

Одлуката на Комисијата беше донесена едногласно.

Пратениците, исто така, дебатираа и за, како што посочија „дрскоста Јанева да побара ваков надоместок од Собранието“, додавајќи дека треба сепак да се почитува правото на пресумпција на невиност.

Извор: курир.мк

Коментирај