Пратеникот Земон: Ме предупредија дека несреќата е саботажа нарачана од странство!

0
2406

Пратеникот од владејачката коалиција Рубин Земон се сомнева дека тешката несреќа што се случи вчера кај Карпалак во која животот го загубија 15 лица, е нарачана од странство.

Земон на „Фејсбук“ ги сподели своите сомнежи:

„Неколку мои пријатели од странство не ја исклучуваат можноста за саботажа на автобусот нарачана од странство! Бидејќи некои анти-НАТО дежурни опинион мејкери одма започнаа со палење на страстите, не треба да се исклучува и таа можност! Да бидеме сите претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, на некои сили тоа баш и не им одговара.

Се извинувам за оваа мала дигресија во нашата колективната тага, но можеби не е лошо да бидеме и малку „будни“ и внимателни!“

Rubin-Zemon-FB-tragedija-Karpalak

Згасна уште еден живот: Вкупно 15 жртви од големата трагедија која ја зави Македонија во црно

Сведоштвото на еден од преживеаните патници кој што откри како се случила несреќата… (ТУКА)

Сведоштво на еден од преживеаните патници од несреќата на патот Скопје-Тетово (ВИДЕО)

Коментирај