Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Стојан Миланов ќе гласа по сопствено убедување, не според одлуката на партијата

0
1114

Пратеникот од редовите на Социјалистичката партија на Македонија, Стојан Миланов, во изјава за „Макфакс“ вели дека тој ќе гласа самостојно, онака како што тој одлучил. Миланов тврди дека донел одлука, но ќе ја презентира на денот кога ќе се гласа за измена на Уставот. Тој во изјавата повтори дека договорот со Грција е неприфатлив.

Прашан дали може да постапи спротивно на ставот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои одлучија да не поддржат уставни измени, Миланов вели дека тој одлучува според сопственото убедување. Пратениот на СПМ не потврди дека ќе гласа „против“ или, пак, „за“.

Пратеничката од СПМ, Владанка Авировиќ, ќе гласа за уставни измени со цел да му се даде шанса на процесот за членство во ЕУ и НАТО, дознава „Макфакс“ од извори блиски на пратеничката.
За разлика од Авировиќ, пратеникот Стојан Миланов се откажа од правото на дискусија на пленарната седница, заедно со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата за уставни измени денеска требаше да почне во 12 часот, но почетокот е одложен за во 15 часот. Сè уште е неизвесно дали денеска ќе се гласа.

Извор:lider.mk

Коментирај