Пратеникот Димков се залага за вклученост на лицата со попреченост во политичкиот живот

0
270

Лицата со попреченост добија поддршка од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков, да се вклучат во политичкиот живот во Република Македонија.

Димков неговото учество на обуката за подигање на свеста за ограниченото учество на лицата со попреченост во политичкиот живот, организирана од Полио Плус, го искористи за да ги поттикне лицата со попреченост на политичка активност.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека би му било чест и задоволство да пружи помош и информации на лицата со попреченост за да можат тие полесно да се вклучат во активностите на политиката.

Според податоците, вклученоста на лицата со попреченост во политиката е сведена на најниско ниво. Имено, Трајче Димков е и заменик претседавач на Интер-партиската парламентарна група која ги промовира и застапува правата на лицата со хендикеп во Собранието на Република Македонија.

Фејсбук објавата на пратеникот Димков ја пренесуваме интегрално:

“Учество на лицата со попреченост во политичкиот живот”
Вчера и денеска учествував на обука за подигање на свеста за ограниченото учество на лицата со попреченост во политичкиот живот.

Обуката ја спроведе “Полио Плус”- движење против хендикеп со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На обуката присуствуваа и повеќе невладини здруженија за заштита на правата на лицата со попреченост од цела Република Македонија.

Ќе ми биде чест и задоволство да пружам помош и информации на лицата со попреченост за да можат што полесно да се вклучат во политичкиот живот во Република Македонија.

Фејсбук објава на пратеникот Трајче Димков

Коментирај