Прашањата на кои жените никогаш не одговараат

0
1247

Некои жени вешто ги кријат одредени моменти од животот и колку и да се обидувате да ја дознаете вистината, нема да успеете.

Постојат тајни кои девојките не би ги откриле на никого. Колку пољубопитни станувате, толку повеќе ја намалувате шансата да добиете одговор.

Најголемата табу тема за која жените не би разговарале со својот партнер, е кога ја изгубиле својата невиност. Бројот на сексуални партнери е следната приказна која никогаш не ја откриваат. Многу од девојките/жените никогаш точно не откриваат со колку мажи имале сексуални односи од една едноставна причина – не сакаат да бидат осудувани.

Третата чувствителна тема за разговор се килограмите. Од сите страни дамите се „притиснати“ со одредени стандарди за убавина. Затоа не е чудно што жените не сакаат да ги признаат своите вистински килограми.

Многу од дамите исто така не признаваат на својот партнер дека во минатото биле отфрлени или дека срцето им било „скршено“ неколкупати. Причината за тоа најчесто е стравот да не бидат повторно повредени. По невозвратената љубов доаѓа темата за естетската хирургија. Малку се девојките кои би признале дека од грдото пајче станале убав лебед со помош на хирург.

Одговорите кои најтешко можете да ги слушнете од устата на жената е признавањето колку пати кажувала „те сакам“ на друг.

Признавањето за неверство е едно од првите на листата за неодговарање бидејќи жените преферираат да ја задржат својата репутација на светица. Сигурно неверството би ја расипало идеалната слика за неа , поради што жените мудро молчат за ова прашање.

Коментирај