„Подводни пчели“ откриени на океанското дно

0
211

Иако досега биолозите беа убедени дека морските и океански треви кои се наоѓаат на дното од длабоките солени води опрашувањето и ширењето на генетскиот код го прават со помош на струењата на водата, новото научно откритие докажа дека тоа всушност го прават опрашувачи кои ја имаат подводната функција која на копното ја вршат пчелите.

Со откривање на „подводните пчели“ кои пренесуваат полен, се отвараат нови видици за размножување на морската трева. Станува збор за морски ракчиња кои биле забележани од научно-истражувачки тимови.

Научниците од Националниот автономен универзитет во Мексико во период од 2009 до 2012 година вршеле снимање на ноќното движење на ракчињата помеѓу морската трева „Thalassia testudinum“. При прегледувањето на овие видео материјали, тие забележале дека ракчињата повеќе ги посетуваат женските цветови како пчелите на копното при опрашување.

„Видовме животни кои доаѓаат и распространуваат полен”, вели водечкиот истражувач Бригита ван Тасенброек за „New Scientist“.

Пред овој случај, научниците никогаш не се ни сомневале дека животните се вклучени во опрашување на алгите. Прашувајќи се дали навистина безрбетниците ја опрашуваат тревата или со неа се хранат, Тасенброек и нејзиниот тим додале неколку ситни ракови во аквариум.

Во истиот момент, поленот се појавил на женските цветови, додека тој ефект го немало во аквариумот без ракови.

Пораката била јасна, раковите носат полен од цвет на цвет, помагајќи им во репродукцијата, за што истражувачите сметаат дека се одвива како дополнување на опрашувањето преку движењето на водата

Се чини дека животните ги привлекува лепливиот полен произведен од женските цветови на морската трева. Додека ракот се храни, поленот се лепи за него и натаму тој го распрскува.

За сега „Thalassia testudinum“ е само вид морска алга за која е докажано дека се шири со помош на некои животни.

„Ова опрашување ни покажува ново ниво на разновидност и сложеност на системот во водата, и ни раскажува една интересна животинска и билна интеракција која досега не е опишана”, вели Кели Дарнел од непрофитната истражувачка група „The Water Institute of the Gulf” за „New Scientist“.

Исто така не е тајна дека алгите се многу важни за екосистемот бидејќи не само што ги поддржуваат различните групи на животни, туку тие и зависат едни од други.

Ова истражување е објавено во магазинот „Nature Communications“.

Извор: taratur.mk

Коментирај