Позната причината за смртта на славната пејачка, еве ги деталите

0
607

Пејачката на „Кренберис“, Долорес О‘Риордан, починала од давење како последица на труење со алкохол, изјави извор близок до истрагата.

Четириесет и шестгодишната ирска музичарка беше пронајдена мртва на 15-ти јануари, во бањата во хотелска соба во Лондон, каде што работела на нов албум.

Полицијата претходно заклучи дека нејзината смрт не е сомнителна и дека на телото нема траги на повреди и самоповредување.

-Смртта на О‘Риордан е последица на трагичен инцидент. Таа почина откако испила големо количество алкохол, изјавија од судот во Вестминстер.

Предводени од уникатниот глас на О‘Риордан, „Кренберис“ остварија голем меѓународен успех во 90-ите години. Нивната европска турнеја во 2017 година беше прекината поради здравствените проблеми на пејачката, која потоа им се обрати на фановите преку Фејсбук, кажувајќи дека се чувствува добро и дека наскоро повторно ќе настапува.

Коментирај