Пожар пеплоса куќа на семејство од Псача

0
390

Во село Псача вчера попладне настанал пожар во стара куќа сопственост на семејството Ангеловски. Од пожарот, приземјето и еден кат од куќата целосно изгореле.

Од полицијата информираат дека пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Ранковце. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

loading...

Коментирај